Македонија
21. December 2015 - 8:39

Магла на повеќе патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри изутринава има на патните правци Катланово – Велес, Велес – Катланово и Велес – Неготино, до 100 метри на патните правци Куманово – Скопје, Тетово – Скопје, Делчево – Македонска Каменица и Куманово – Св.Николе и до 150 метри на патниот правец Гевгелија – Удово, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ потсетува дека од 15-ти ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.