Кошарка
5. October 2020 - 10:02

Мајами го намали водството на ЛА Лејкерси

Станува жешко во финалето на НБА лигата откако Мајами хит славеше во третиот меч и  ја намали предноста на Лос Анџелес лејкерс на 2:1, Победата од 115.104 дојде без Горан Драгиќ и Бем Адебајо, а во текот на натпреварот им се повреди и Кендрик Нан.
 
Мајами одлично го отвори натпреварот, кошаркарите играа агресивно во одбраната, ги натераа противниците да имаат дури 10 загубени топки во првата четвртина и успеаја да го неутрализираат Леброн Џејмс. Хит првото полувреме го завршија со предност 58:54.
 
Третиот период започна со серија на Мајами 8:0 и со четвртата лична грешка на Ентони Дејвис. Оваа делница Мајами ја заврши со преднотс од 12 поени, но на стартот од последната четвртина Лејекерси успеаја да го преземат водството (89:91).
 
Сепак, Мајами го одби тој налет на Лејкерси, а на крајот предводени од Џими Батлер забележаа победа.
 
Батлер забележа 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции, за него ова е прв трипл-дабл во плејофот во кариерата. Влијателен беше и Кели Олиник (17 поени), Данкан Робинсон и Тајлер Хиро постигнаа по 13 поени.
 
Лејкерс ги предводеше Чеброн Џејмс со 25 поени, 8 скока, но и 8 загубени топки, а потфрли Ентони Дејвис со само 15 поени.
 
Четвртиот натпревар од финалната серија на програмата е в среда во 3:00 часот.