Мајка го заборавила детето на кровот на автомобилот и возела со 97 километри на час
Ерика Шардфорт, која е забележана како вози автомобил со 97 километри на час во Перт, додека нејзиниот мал син полугол седи на кровот, сега остана без возачка дозвола, пренесува „Мирор“.
Сведок рекол дека четиригодишното дете во еден момент изгубило рамнотежа и дека речиси паднало од кровот поради брзото возење.
На крајот мајката стопирала и го ставила детето на задното седиште во автомобилот, каде веќе седеле неговиот брат и сестра.
Мајката се појави на суд во Перт, Австралија, каде објаснила дека не била свесна дека нејзиниот син се наоѓа на кровот на автомобилот.
Таа возела, несвесна каде се наоѓа детето, а сето тоа се случувало уште во јануари.
Нејзиниот адвокат рекол дека била под голем стрес, бидејќи се обидувала да се грижи за 6 деца, на возраст од 5 до 9 години.
Сега ѝ е забрането да вози три месеци, а мора да плати и парична казна од 747 евра.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк