Свет
17. September 2018 - 15:43

Мајка и бебе настрадаа во страшниот ураган: Кога сфатија дека им нема спас, пожарникарите клекнаа пред урантините и се молеа

Ураганот Флоренс, кој ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, до сега однесе 17 животи, пренесе агенцијата Ап.

Меѓу првите идентификувани жртви од овие бури се Лиша Марфи Џонсон (41) и нејзиниот седуммесечен син Адам.

 
 
Тие двајцата беа заробени во нивната куќа во Велингтон во Северна Каролина кога дрво паднало на покривот и им ја срушило куќата.
 
Со нив бил и таткото на бебето, Лоренс но него успеале да го извлечат и одведат во болница.

Пожарникарите долго се бореа да ги спасат мајката и бебето, но не можеа да допрат до нив. Кога станаа свесни дека нема да можат да ги спасат, клекнаа во круг и се молеа за нив.