Македонија
27. December 2018 - 13:49

Мајка од Аеродром пријавила дека наставничката го нападнала нејзиниот син

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од неговата наставничка.

Вчера во 12:30 часот 43-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на 25.12.2018 година околу 08:30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.