Живот
20. јуни 2017 - 13:17

Мајка по 22 години дознала дека ќерката која ја израснала не е нејзина

Дорис Грунвалд и нејзината мајка Евелин добија отштета од 30.000 евра од болницата во Грац, откако беше откриено дека на Евелин при породувањето случајно и го замениле детето., објави „Сан“.
 
Работите се разоткриле откако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група сосема поразлична од нејзините родители. Потоа направија ДНК тест и дознала дека не е во крвно сродство со родителите.
 
– Цело тело ми се тресеше, чувствував како да го губам тлото под нозете, изјави Дорис откако дознала дека 22 години ја чувале други родители.
 
Евелин, пак, изјави дека сето ова е голем шок за неа и нејзината ќерка.
 
– Но, уште од почетокот знаевме дека нас ништо нема да не раздели и дека ќе останеме мајка и ќерка. Ова дете е најубавата работа која некогаш ми се случила, рече таа.
 
Дорис се уште не знае кои се нејзините биолошки родители, а Евелин кое е нејзиното биолошко дете.
 
– Имаше 15 предвреме родени деца од кои и неколку близнаци, така што дел од нив влегуваат во најтесниот избор, изјави Евелин, која предвреме се породила во 1990 година.
 
Таа додаде дека болницата одбила да и даде попис на имињата поради заштита на приватноста.
 
– Секогаш кога ќе видам некои кој ми се пријатни, се прашувам дали тоа ми се родителите, тоа  прашање секогаш е присутно во мојата глава, рече Дорис, додавајќи дека сешак Евелин е „нејзина мајка и секогаш ќе и биде“.
 
Кога цела приказна беше обелоденета, неколку жени кои се породиле во исто време кога и Евелин, доброволно биле на ДНК анализа, а како се ќе се заврши ќе дознаме допрва.