Македонија
20. јуни 2020 - 16:43

Мајката на Мицкоски позитивна на коронавирусот, СДСМ обвинува дека опозицијата го загрозува здравјето на граѓаните

Мајката на Христијан Мицкоски е позитивна на коронавирусот но тој тврди дека немал контакт со неа. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели направена е епидемиолошка анкета и неговата мајка е изолирана во својот дом. Оценува дека нема опасност да е заразен и затоа ќе продолжи со партиските активности. Мицкоски денеска беше во посета на партиските штандови во Струмица. 

Мицкоски секојдневно ги крши мерките и забраните за јавни собири обвинуваат од СДСМ. Во видео обраќање испратено до медиумите Спасовски тврди дека активностите на СДСМ ќе се одвиваат исклучиво по донесениот протокол на партијата со присуство до 50 луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека СДСМ и власта на Заев се тие кои не сториле ништо за епидемијата со коронавирусот да запре. Обвинуваат дека власта со неодговорно однесување создала кластер меѓу функционерите во нивната партија и ги довеле граѓаните во ризик со предврем почнување на кампањата и делење рекламен материјал.