Бизнис
10. October 2019 - 16:50

Македонија, Албанија и Србија формираа „Бенелукс на Балканите“ - слободен економски проток

Македонија, Србија и Албанија како земјите од Бенелукс. Лидерите од трите земји се договорија до крајот на 2021 година да обезбедат слободен проток на стока, капитал, услуги и луѓе меѓу трите земји.

Наместо Буре барут нивната цел е Балканот да стане регион на мир, стабилност и економски развој.

Декларацијата која ја потпишаа Заев, Вучиќ и Рама треба да придонесе регионот обединет да настапува на странските пазари, така ќе биде посилен и не ќе може да не биде забележан. Тоа ќе донесе подобар стандард за 12 милиони жителчи на трите земји.

Декларацијата предвидува взаемно признавање на дипломи, сертификати, намалување на трговските бариери, подобрување на инфраструктурата, воведување на полесни и поефикасни царински процедури. Албанија има море кое ќе стане подостапно за Макеоднија и Србија. Сето тоа ќе донесе повеќе инвестиции. Предвидено е создавање единствен пазар на трудот, со тоа инветситорите многу полесно ќе ги носат одлуките да вложат во трите земји.

Во следниот период на иницијативата на овие три земји повикани се да се приклучат и Косово, Црна Гора и Босна. Со тоа ќе се создаде 20 милионски пазар.

Следниот состанок на тројцата лидери е закажан за 10 ноември во Охрид до кога експерска група треба да даде конкретни насоки за економско обединување на Македонија, Србија и Албанија.