Loading Video...
Фудбал
6. October 2019 - 15:39

Македонија без Барди против Словенија и Полска

Енес Барди нема да може да и помогне на македонската фудбалска селекција во дуелите против Словенија
 
Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската фудбалска репрезентација која претстојната седмица (10 и 13 октомври) ги очекува натпреварите против Словенија, во Скопје и Полска на гости во  квалификациите за Европското првенство 2020. 
 
Селекторот Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. 
 
Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12 часот во хотел “Гранд Плаза”, додека првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19 часот на Националната арена “Тодор Проески”, каде впрочем во четврток ќе гостува Словенија.