Македонија и Албанија повторно извисија, ЕУ се надева на преговори што поскоро
И покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Македонија, Скопје и Тирана повторно остануваат пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како што јави МИА утрово, дискусијата за проширувањето и посебно за Македонија била бурна на денешниот Совет за општи работи на ЕУ. Германија, Словачка и бројни други земји инсистирале Бугарија да го отстрани ветото за Македонија кое почива врз билатерален конфликт и за кое ЕУ смета дека не му е место во ЕУ.
Но, Бугарија има законско право да блокира. Бугарскиот претставник ги обвинил своите колеги дека не ја разбираат „длабочината“ на проблемот помеѓу Скопје и Софија и не покажал флексибилност, повикувајќи се на претстојните избори во Бугарија во јули. Иако ниту политичка влада не е гаранција дека ветото ќе се тргне.
Ниту португалскиот предлог не ја премисли Софија.
Португалската државна секретарка, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со денешниот министерски состанок, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Македонија врз основа на овој предлог.
-Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржуваат вечерва во Луксембург со Србија и Црна Гора.
Таа додаде ова е „тежок политички момент што го живеат Бугарија и Македонија“.
-Сѐ уште не е моментот, треба да најдеме решение во кое веруваат сите чинители, ја охрабруваме Словенија да продолжи, да не го изгуби моментот, да ги искористи предлозите на маса и се надеваме на меѓувладина конференција со Албанија и Македонија што поскоро за време на идниот семестар, рече Закариаш.
Албанија во сето ова е колатерална штета на бугарската блокада бидејќи иако сите 27 земји членки се согласни дека Тирана ги исполнува сите услови за одржување на првата меѓувладина конференција, тие се држат до принципот дека двете земји не треба во овој дел од процесот да се одвојуваат.
Португалската државна секретарка не одговори на прашањето дали лидерите в четврток и петок ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, не рече ни дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Македонија на овој самит. Може да се претпостави дека како што е обичај во Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, на маргините на самитот некои земји би се обиделе да го убедат Радев, но досегашното искуство покажа дека овие обиди ретко успеваат.
На прашање дали ЕУ разговара за последиците што овој нов пораз во односите со Македонија може да ги има врз поддршката на граѓаните во земјата за ЕУ, Закариаш исто така се воздржа од коментар
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово