Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката во здравството
Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во здравството, договориле на средбата во Софија ресорните министри на двете земји Венко Филипче и Кирил Ананиев.
Од Министерството за здравство на Република Македонија соопштија дека на средбата било потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседавањето со Европскиот совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока на имплементирање европски стандарди во македонскиот здравствен систем.
Исто така, договорено е во рамки на Министерството за здравство да се формира работна група која интензивно ќе работи на имплементација на европските стандарди со можност за добивање експертска помош од Република Бугарија за унапредување на повеќе сегменти од здравствениот систем согласно стандардите на ЕУ.
На македонската делегација, како што објави бугарската страна, и биле презентирани законите за здравје, за лекови за хумана медицина, за здравствни установи, за професионални организации, за медицински помагала и Уредбата за регулирање и регистрирање на цените на лековите во Бугарија.
Двајцата министри се договориле Бугарската агенција за лекови да и ја понуди својата лабораторија за тестирање на лекови од Македонија. Извршниот директор на Аагенцијата за лекови, Асена Стоименова го презела ангажманот да биде направен список на апаратурата со која располага нивната лабораторија за да може македонската страна да процени во кои случаи може да ја користи. Министерот Ананиев предложил двете страни да размислат за нов договор во областа на здравството.
Ново на Сител
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра