Македонија
27. March 2020 - 17:24

Македонија и денеска ги враќа своите државјани со чартер летови

Група македонски државјани затекнати во странство поради корона вирусот со хуманитарен лет се вратија дома. Станува збор за 118 граѓани кои допатуваа од Малта. Овие граѓани, заедно со 169  други  кои слетаа од Хрватска, е најголемата група досега, која ќе оди во 14 дневен карантин.

Сите кои пристигнаа на скопскиот аеродром добија соодветен медицински третман.

На ист начин на скопскиот аеродром ќе бидат третирани и сите други кои допрво ќе пристигнуваат.

Во меѓувреме, министерот за здравство, информираше дека меѓу оние граѓани кои веќе се во државен карантин, имало и такви со симптоми на корона вирус, биле тестирани и се под постојан лекарски надзор.

Пред 5 дена пристигна првиот хуманитарен лет од Полска, но од пријавените 33 граѓани се вратија само 7. Освен тоа со автомобили и автобуси беа вратени и македонски граѓани од соседството. 42 од Словенија, 63 од Црна Гора и 27 од Турција. 14 дневниот карантин го плаќа државата, а авионскиот билет самиот граѓанин. Повикот заврши во недела, а се пријавија над 5000 македонски граѓани. 95 проценти од граѓаните се заглавени во некоја од европските земји, а 350 чекаат на некој од останатите континенти за кои процедурата  е посложена.