Македонија
5. December 2017 - 20:04

Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија

- Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите, соопшти Владата.

Ова е одлучено на денешната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија.

Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање на хуманитарната помош.