Македонија очекува старт на преговорите, Бугарија се уште формира влада
Македонија е подготвена да влезе во ЕУ со оглед на тоа дека ги исполни сите услови кои ги побараа земјите членки, а сега на потег e Унијата -ова е пораката која ја испрати вицепремиерот Димитров на денешната панел дискусија на тема Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021 година?
На став дека местото на Македонија но и на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ е и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук. Тој очекува до крајот на месецов и Македонија и Бугарија да ги вложат сите напори за да се одблокира спорот меѓу двете земји.
Поранешниот министер за одбрана на Словенија и Екс пратеникот во еворпскиот парламент Роман Јакиќ, упати критика кон ЕУ кога станува збор за проширувањето на европското семејство. Посочувајќи и дека Македонија заслужува да биде дел од него.
Кога станува збор за македонско-бугарските односи, идниот бугарски премиер Петков истака дека една од неговите први задачи е да се формираат работни групи меѓу двете земји, кои ќе опфатат различќни области,а не само тема разговори преговори да биде историјата. Петков не откри рокови за планираните промени во преговорите.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар