Македонија
28. November 2015 - 19:49

Македонија преговара за изградба на првите посериозни кинески производствени капацитети во земјата - Никола Груевски за China daily

Преговараме со повеќе Кинески компании за првите посериозни кинески инвестиции во Македонија, изјави премиерот Никола Груевски во интевју за најтиражниот азиски весник China Daily.

Во интервјуото за водечкиот кинески весник на англиски јазик премиерот најави дека во тек се разговори со кинеска компанија која е заинтересирана за инвестиција од 140 милини евра која ќе отвори 1,400 нови работи места.

- Пред два дена се сретнав со една таква компанија која планира да инвестира во Македонија, за инвестиција од 140 милиони евра со која би се отвориле 1.400 работни места. Има и други компании кои сакаат да дојдат. Овие компании ни рекоа дека имаат препораки од компании на кои им ги продаваат своите производи, изјави премиерот Груевски во интервјуто за Кинески Дневник.

Премиерот додаде дека дека во моментов во Македонија има доминантно инвестираат компании од Германија, САД, Велика Британија и Италија. Нема посериозни кинески инвестиции но владата напроно работи за тоа да се смени.

- Има многу компании заинтересирани за инвестирање во Македонија. Во моментов разговараме со најмалку десет кинески компании кои изразија сериозни намери за проекти и инвестиции во Македонија.  На вашата Влада и нудиме, ако е потребно, да создадеме една зона во која ќе поканиме кинески компании да инвестираат во Македонија под посебни услови, и мислам дека работите се одвиваат во добра насока. Македонија на прв поглед е мала, два милиони луѓе, два милиони потрошувачи, тоа не е ништо за голема компанија. Но, ние имаме договори за слободна трговија со сите земји на европскиот континент, сите ЕУ членки и земји кои не се ЕУ членки, со единствен исклучок на Русија. И Турција, Украина, Швајцарија, сите источни држави, рече Груевски.

Во интервјуто за најтиражниот Кинески весник, Груевски истакна дека Македонија и Кина најмногу соработуваат во инфраструктурните проекти кои се подржани од кинеските фондови за развој. Заедно со останатите лидери од средна и источна Европа, тој присуствуваше на тестирањето на новиот кинески воз наменет за овој пазар.

- Возот е одлично направен, дизајниран, и можам само да им честитам на производителите. Веќе купивме желенички композиции со кои заменивме 60 проценти од нашите патнички возови, и сега почнуваме процедура за замена на остатокот, кои би требало да бидат испорачани до втората половина на следната година, вели Груевски во интервјуто.

Во интервјуто за водечкиот кинески весник, премиерот соопштои дека владата ќе ги субвенционира туроператорите кои ќе донесат кинески туристи во Македонија.

Премиерот, неделава присуствуваше во Пекинг на самитот на Кина со земјите од средна и источна Европа.