-->
-->
Македонија со пет пливачи на СП во Канада во 25 метарски базени
-->
Во импозантната сала „Колосеум“ во канадски Виндзор ноќеска се одржа свеченото отворање на 13.то Светско Првенство во пливање во 25 метарски базен, кое ќе трае до 11 декември.
На ова првенство земаат учество повеќе од 1.000 пливачи од 176 држави. Македонија е застапена со досега најмногубројна репрезентација од било кое претходно Светско или Олимписко натпреварување.
Македонската репрезентација ја сочинуваат пливачите: Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски, додека во стручниот штаб се тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски кој е воедно и водач на екипата.
Македонската заедница од Виндзор организирана околу Македонската Православна црква „Свети Никола“ им приреди топло добредојде и го спонзорира престојот во Виндзор на дел од репрезентацијата што допатува од Македонија. Семејството на др. Елизабета и Менде Талески обезбеди хотелски престој; семејствата на Катерина и Никола Димитровски и Сања и Борче Ливрински ги покрија трошоците за изнајмениот автомобил; Миле Барашлиевски и Ванчо Кировски подарија дресови за отворањето, додека женската секција и Фудбалскиот клуб Македонија при црковната општина „Свети Никола“ помогнаа со парични донации.
На апелот на претседателот на црковната општина Мендо Колевски за дочек на нашите спортисти многумина парохјани се одѕваа со помали донации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та