Спорт плус
30. August 2019 - 12:20

Македонија – Украина попладнево во градски „Парк“

 
Македонските одбојкари кои се подготвуваат за Европското првенство, денеска и утре ќе одиграат два контролни натпревари. 
 
Во рамките од 43-тото издание на турнирот „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка” што се одржува во салата „Парк“ во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација, ќе одигра два меча. 
 
Првиот е денеска од 17 часот и тоа против силната репрезентација на Украина. 
 
Во вториот меч од денешната програма во терминот од 20:15 часот ќе играат Белгија и Бугарија.
 
Утре, на програмата се дуелите за третото и првото место во истите термини (од 17:00 и 20:15 часот), а во зависност од резултатите ќе бидат формирани и двојките за дуелите за 3.тото односно првото место 
 
До почетокот на Европскиот шампионат и дуелот со Финска на 12 септември,  македонската одбојкарска селекција ќе одигра и контролни средби со Австрија и тоа во Сент Полтен.
 
Потсетување дека македонската репрезентација на ЕП 2019 ќе игра во групата Ц во Љубљана (арена „Стожице“) против Финска (12 септември, 17.30 ч.), против Турција (13 септември, 17.30 ч.), против Русија (14 септември, 17.30 ч.), против Белорусија (16 септември, 20.30 ч.) и против Словенија (17 септември, 17.30 ч.).