Македонија
26. February 2020 - 16:15

Македонка која била во Италија првиот случај на корона вирус во земјата

Сител екслузивно дознава дека македонска државјанка која неодамна се вратила од Италија и која утринава поради симптоми на грип побара помош на Инфективната клиника е позитивна на корона вирус.

Неофицијално дознаваме дека епидемиолозите веќе прават епидемиолошка анкета и прибирање на информации за сите лица со кои била во контакт деновиве.

Здравствените власти после овој прв регистриран случај на корона во земјата најверојатно ќе го зголеми степенот на готовност со дополнителни мерки на аеродромите, граничните премини и здравствените институции.

 
Сања Димитровска