Бизнис
6. September 2019 - 17:02

Македонската економија бележи раст од 3.1%

Раст на македонската економија од 3,1% во вториот квартал,  објави државната статистика. Најголем пораст од 7,5%  е забележан во трговијата на големо и мало, поправката на моторни возила, транспорт и складирање ,како и  објектите  за сместување. Финалната потрошувачка кај домаќинствата, која учествува со речиси 70% во структурата на БДП има пораст од 4,6%. Расте и извозот и увозот на стоки, како и бруто инвестициите.  За власта – бројките се очекувани. Задоволни се што ги создава  реалната економија, без никакви  интервенции од државата .

Во споредба со истиот период лани економиајта пораснала за 0,1%, додека пак во првиот квартал БДП изнесуваше 4,1 отсто. Владата очекува засилен економски раст во наредните 2 квартали, со што годината би ја заокружиле со 3,5% раст. Во истиот период статистиката бележи  и пад на невработеноста, која сега изнесува 17,5%,што значи дека само во второто триимесечје вработени се нови речиси 5,000 лица. За првотополугидие пак вработени се над 54 илјади лица. Позитивни бројки статистикаат регистрира и кај индустриското производство. Од јануари до јули остарило пораст од 4,9 отсто.