Македонската филхармонија со „Моја љубов“ по повод Денот на вљубените
Македонската филхармонија утревечер од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.
Под диригентство на маестро Борјан Цанев, ќе бидат изведени популарни теми, инструментални, но и вокални композиции кои се искористени во култни филмски остварувања, а кои пејат за љубовта, страста, вљубеноста…
Како солисти ќе настапат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).
Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните грла на Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота, Крег Армстронг, Геби Верлор („Малена“, „Ромео и Јулија“, „Високи потпетици“) или оние на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години ја стекнаа светската популарност… За оригиналните оркестрации, специјално направени за овој настан, се погрижи македонскиот врвен композитор Владимир Николов.
Музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.
„Моја љубов“ требаше да се одржи на 14 февруари, но се одложи за утре поради трагичната сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост во земјава.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик

