Македонската кикбокс репрезентација заминува на ВАКО Светското кикбокс првенство во Италија
Македонската кикбокс репрезентација заминува на ВАКО Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Ди Једоло во Италија кое ќе се одржи од 30.09 до 09.10.2022.
Репрезентацијата ја предводи претседстелот на Кик Бокс Маи Таи федерацијата М-р Дејан Митровски – Урко заедно со Ген. Секретaр Драган Атанасовски а во составот на натпреварувачи влегоа натпреварувачите: Марија Димовска, Јадранка Темелковска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир и Панче Витанов.
„Следи врвно светско кикбокс доживување на кое силите ќе си ги одмерат 1924 натпреварувачи во 2566 пријави од 62 држави од светот. Се надеваме на високи достигнувања и медали, но ќе го чекаме крајниот исход од натпреварите.
Репрезентацијата е подготвена и спремна да се бори за медали на татами и ринг. Марија Димовска и Нелсон Узеир ќе настапат на татами во дисцилината кик лајт, а Јадранка Темелкова, Силвио Мировски и Панче Витанов ќе се борат на ринг во дисциплината лоу кик. Конкуренцијата е голема бидејќи ова е најмасовното јуниорско кикбокс првенство досега, но ние ова го доживуваме како поттик и мотив за врвна борба и секако достигнување на светски медали “ – изјави м-р Дејан Митровски – Урко (претседателот на КМФМ).
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка