Македонија
22. February 2019 - 15:49

Македонската премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март

По светската премиера во официјалната селекција на Берлинскиот филмски фестивал на 10 февруари, новиот филм на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ македонската премиера ќе ја има на 15 март во кино „Милениум“.

Филмот во Берлин доби две награди – „Ecumenical Award“ со која им се оддава почит на уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот и награда „Guild Film Prize“ која ја доделуваат членови на жири што се  дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија и воедно се и менаџери на арт-кина.