Македонската туристичка понуда на 20-тиот Саем за туризам „ЕМИИТ“ во Истанбул
Македонската туристичка понуда ќе биде дел од големиот Саем за туризам „ЕМИТТ“ што од задутре до 31 овој месец ќе се одржува во Истанбул, Република Турција.
Саемот за туризам во Истанбул е една од најголемите манифестации од тој вид во регионот, со најавено учество на 4.550 туристички субјекти од 71 држава од целиот свет, меѓу кои Македонија, Аргентина, Азербејџан, Бахреин, Бугарија, Бразил, Белорусија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Иран, Хрватска, Индија, Јужноафриканската Република, Грузија, Црна Гора, Кувајт, Куба, Јужна Кореја, Малдивите, Малта, Маурициус, Египет, Монголија, Летонија, Либан, Узбекистан, Русија, Словенија, Сејшелските Острови, Тајланд, Тунис, Виетнам, Јемен, Грција...
Минатата година Саемот за туризам го посетиле повеќе од 130 илјади посетители, а тоањ е дбра можност за презентација на нашата туристичка понуда пред големиот турски пазар, уште повеќе што од година во година се поголем е интересот кај туристите од Турција за Македонија, барем како дел од оние регионални туристички тури.
Според програмата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Македонија ќе биде претставена и пред посетителите на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ што ќе се одржува во Брисел, Белгија од 4 до 8 февруари, а нашата туристичка понуда ќе биде дел и од Саемот за туризам „Holiday i spa“ што од 11 до 13 февруари ќе се одржува во Софија, Бугарија, како и на Саемот за туризам во Белград што е закажан за терминот од 18 до 21 идниот месец.
Инаку во текот на овој месец Македонија имаше свое претставување на саемот за туризам „Vakantiebeurs“ што се одржа во холандскиот град Утрехт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена