Македонија
7. December 2019 - 12:51

Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени

Македонски автобус се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишува Курир.рс , крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.