Балкан
29. May 2018 - 21:46

Македонски бизнисмен загина во сообраќајка во Хрватска

Mакедонски бизнисмен и неговиот пријател од Загреб загинаа во сообраќајна несреќа којашто се случила викендов во центарот на Медулин, најпознатото туристичко место на Истра, Хрватска.

Во несреќата што се случила во 2 часот по полноќ, загинале 47-годишник од Загреб, кој управувал со возилото „форд мондео“ и 43-годишниот совозач – негов бизнис-партнер од Македонија. Тие удриле во столб за осветлување, а потоа и во разводната кутија, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со струја, како и во телефонската мрежа.

Двајцата загинале на лице место, а од возилото не остана скоро ништо.

Со помош на пожарикарите е исечен лимот од уништеното возило и се извлечени телата на загинатите.