„Македонски шуми” - Кавадарци испорача над 19.000 кубни метри огревно дрво
Јавното претпријатие „Македонски шуми” подружница „Бор" од Кавадарци, заклучно со 15 октомври има испорачано над 19.000 кубни метри огревно дрво за домаќинствата или 85 проценти од договорените количини, информира денеска директорот Слободан Климоски.
- До крајот на тековниот месец сите што склучиле договор ќе добијат барем половина од количината која ја уплатиле, а остатокот ќе го добијат најдоцна до првата декада од ноември. Подружницата има доволно залиха на шумско-камионски пат и секојдневно пристигаат нови количини на плац, соопшти Климоски.
Според него, сите што не се снабдиле навреме со дрва за огрев ќе можат да си купат по испораката на договорените количини.
- Од 1 ноември ќе почне сечата на огревно дрво од државна шума за сопствени потреби, популарна кај населението како селска сеча, информира директорот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители