„Македонски шуми“ во Струга има доволни количини огревно дрво
Цената на огревното дрво е непроменета, а подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Струга има доволни количини, информира директорот Жарко Бебекоски.
Испораката, според него, се врши за 10 до 15 дена од уплатата.
- Во моментот има над 3.000 метри кубни залиха огревно дрво. Цената на огревното дрво во „Македонски шуми“ остана непроменета, метар квадратен бука е 2.371 денар, а граѓаните може да обезбедат во секое време во подружницата „Јабланица“, каде има доволни количини, изјави Бебекоски.
Побарувачката е зголемена во последниот месец. - Правиме напори да го интензивираме транспортот за навреме да ги снабдиме граѓаните со огревно дрво, нагласи Бебекоски, додавајќи дека во моментот располагаат само со бука, определните количини даб за годинава завршиле.
Кражбата на огревно дрво во Струга и Струшко, во последно време, рече, е намаелна. - Со акцијата „Гора“ имаше неколку кривични пријави. Има доста одземени возила на дрвокрадци и мислам дека во последниот период нелегалната сеча е е намалена во однос на претходните години, напомена Бебекоски.
Голема контрола врз дрвокрадците имале со камерата што беше поставена во близина на селото Вишни, а неодамна беше украдена, но посочи дека прават максимални напори за заштита на шумите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка