Loading Video...
Фудбал
31. July 2020 - 15:50

Македонските фудбалери нема да имаат поддршка од трибините !?

Сите репрезентативни фудбалски натпревари низ Европа ќе се играат без присуство на публика пишува францускиот Л’Екип
 
Според информациите што ги објави Л’Екип, а повикувајќи се на изјавата на првиот човек на францускиот фудбал, Ноел Ле Гаре, во УЕФА сериозно размислуваат сите натпревари до крајот на годината да се играат без присуство на публика. 
 
Ваквата одлука и не зачудува имајќи ја во предвид актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, како и претходната одлука на европската куќа на фудбалот, клупските натпреварите во нивна организација да се играат пред празни трибини.
 
Доколку ваквата информација се покаже како точна, тогаш македонската фудбалска селекција својот историски натпревар, закажан за 8 октомври во Скопје, против Косово, а кој е претпоследната пречка за пласман на Европското првенство Македонија ќе го игра без публика. 
 
Воедно, и натпреварите од второто издание на Лига на нациите, против Ерменија, Грузија и Естонија, закажани за септември, октомври и ноември, исто така црвено-жолтите би ги играле пред празни трибини на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.