Loading Video...
Фудбал
28. March 2021 - 15:56

Македонските фудбалери против Лихјтенштајн атакуваат на првата победа во Мундијалските квалификации

Најдобрата македонска фудбалска селекција е подготвена вечерва ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за СП во Катар.
 
Макеоднските фудбалери се домаќини на селекцијата на Лихјтенштајн во дуел од 2.коло од Ј квалифгикациската група за пласман на Мундијалот. 
 
Македонија важи за апсолутен фаворит во овој натпревар, но Енес Барди потенцире дека нема да биде нималку лесно, бидејќи гостите постојано ќе се бранат и ќе се обидат да не примат гол. 
 
Натпреварот против Лихтенштајн што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе стартува о дуелот меѓу Романија и Германија, додека од 18 часот ќе играат Ерменија и Исланд.