Бизнис
29. March 2017 - 0:00

Македонските и косовските компании мрежно ќе се поврзуваат по швајцарскиот модел

По швајцарски модел, македонските и косовските компании треба да се поврзуваат. Малиот пазар е главен хендикеп за развивање на бизнисот, затоа е потребно компаниите од двете мали земји да најдат начин да соработуваат.

Со помош на УСАИД и швајцарската амбасада 50 – тина компании на тет а тет средби денеска бараа начин за заеднчко делување.

Бизнимсните велат дека меѓу двете држави постојат инстиуцуионални бариери, но тие не треба да се пречка за вмрежување на компаниите.

Проектот на УСАИД и швајцарсата амбасада е почнат во 2011 година  пркеу него досега се распределни над 3 милиони долари на околу 300 комапнии.