Loading Video...
Ракомет
16. July 2021 - 18:42
Македонските јуниорки ќе разигруваа за пласман од 5-8 место
На ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години што се одржува во Скопје денеска е слободен дел, по што викендов ќе се играат натпреварите за пласман.
Македонската јуниорската репрезентација на Македонија групната фаза ја заврши како трето пласирана.
Иако во последното коло од Б групата нашите млади ракометарки ја декласираа селекцијата на Косово со 17 голови разлика 33:16, сепак избраничките на селекторот Љупчо Савески на крајот завршија како трето пласирани, зад Фарските Острови и Холандија селекции против кои одиграа нерешено, односно претрпеа пораз.
Така нашите јуниорки наместо во полуфиналето ќе разигруваат за пласман од 5 –тото до 8-то место.
Противник в сабота во првиот меч што ќе започне од 15 часот ќе биде селекекцијата на Финска. Вториот пар за пласман го сочинуваат Исланд и Косово.
Во полуфиналните мечеви ќе играат ракометарките на Фарски Острови и Полска, односно белорусија и Холандија.
Сите средби се играат во СЦ „Јане Сандански“
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->