Loading Video...
Кошарка
20. јуни 2019 - 19:00

Македонските младинци од утре домаќини на Русија, Црна Гора и Косово

Од утре во големата сала на Јане Сандански младинската машка кошаркарска селекцијаче одигра три контролни средби. 
 
Утре, црвено-жолтите за противници ќе ги имаа Црногорците, во сабота ќе играат против Косово, а в недела ќе излезат на Русите. 
 
Сите средби нашите млади кошаркари ќе ги играат во терминот од 18 часот.
 
Со овие натпревари репрезентацијата ќе темпира формата за Европското првенство (дивизија Б) во Португалија, на кое во рамки на групата Д, нашите репрезентативци ќе разигруваат со домаќинот Португалија, Луксембург, Белгија и со Словачка.