Loading Video...
Ракомет
29. December 2019 - 18:58

Македонските ракометари ја победија и Романија

Со победа над Романија, домаќинот на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“, машката ракометна репрезентација на Македонија,  го заокружија првиот дел од подготовките за Европското првенство што ќе се игра следниот месец. 
 
По вчерашната победа над Алжир, денеска жолто-црвените ја победија селекцијата на Романија со 24-20
 
Во првото полувреме домаќините беа оние кои го диктираат темпото, а со тоа и резултатот, па на одмор заминаа со два гола предност 12:10
 
Во вториот дел далеку подобра игра на нашите ракометари, за на крајот заслужено да се радуваат на победа со конечни 24-20
 
Овие два натпревари во Букурешт, како и претходните во Србија, против Кувајт, беа и последната можност за помладите да се наметнат на селекторот Брестовац, за во тимот кој по новогодишните празници ќе ги продолжи подготовките, а во кој ќе се приклучат и носителите на играта на нашата селекција која пак европскиот шампионат ќе го започне на 10 јануари со дуелот против Украина.