Loading Video...
Ракомет
13. јуни 2019 - 16:14

Македонските ракометари официјално со нов (шести) настап на ЕП

Машката македонска ракометна репрезентација и официјално обезбеди нов настап на завршницата на Европскиот шампионат 
 
Традицијата и континуитетот на настапи на големите натпреварувања, во случајот Европското првенство што ќе се игра догодина, македонските ракометари го потврдија со тешката победа на гостувањето во Турција. 
 
Победата е дотолку повреда бидејќи црвено-жолтите го сочуваа првото место во групата, и тоа со бод повеќе од Исланд кој вчера буквално во последните секунди се спаси од пораз на гостувањето кај Грција. 
 
Но. Прикажаната игра против Турција полна со осцилации, е факт на кој селекторот Брестовац и неговите избраници треба повеќе да поработат. 
 
За остварување на целта и потврда на првото место Македонија во недела несмее да си дозволи нов “кикс“ во дуелот со Грција, како што тоа беше случај на првиот меч во Кукуш кој нашите ракометари го загубија со два гола разлика (28:26)
 
Со победа, но и евентуално реми, македонските ракометари и дефинитовно ќе бидат првопласирани, што практично ќе и донесе место во вториот барабан за  ждрепката за европскиот шампионат, а со тоа и евентуално „полесни“ противници. 
 
Но, за натпреварот во Струмица селекторот Брестовац се соочува со сериозни проблеми. Поради оперативен зафат, кој му беше извршен утринава, а кој беше најавен и претходно, нема да настапи Стојанче Стоилов, а од вчерашната борба против Турците, Брестовац го „загуби“ и дефанзивецот Милорад Кукоски.
 
Дуелот против Грција се игра во недела во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 18 часот.