Loading Video...
Ракомет
6. July 2022 - 14:29

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри

Македонија остана без медал на ракометниот турнир за мажи на 19-тите Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир. 
 
Подмладената сениорска ракометна репрезентација на Македонија не успеа да го освои бронзениот медал на игрите во Оран. 
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во дуелот за 3.место беа поразени од Србија со 34-29 полувреме 13-15.
 
Сепак, со прикажаните игри во текот на целиот турнир, оваа генерација на ракометари покажа дека има потенцијал и за поголеми и посилни натпреварувања, па за очекување е дека селекторот Лазаров на голем дел од овие играчи ќе им даде шанса во најсилниот состав.
 
Што се однесува до настапот на македонските спортисти на овие игри. Тие во Алжир освоија вкупно три медали. 
Единственото најсјајното одличје, златото, го освои борачот Нуров, додека со бронза се закитија борачот Егоров и таеквондистот Ѓоргиевски.