Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори вечерва Светското првенство во Египет, претрпувајќи убедлив пораз од Шведска од 32:20 (16:11).
Мечот во Каиро започна изедначено на двете страни, по што Шведска ја презеде контролата врз резултатот за прво повисоко водство од 8:5 во 11 минута.
Македонските ракометари брзо вратија со серија од 3-0, но уследија серија технички грешки и десет минути без постигнат гол во противничката мрежа.
Шведска го искористи падот во играта на избраниците на Данило Брестовац за водство од 14:9 во 22 минута, задржувајќи ги петте голови предност до полувремето.
Слабата игра во одбраната на македонскиот тим и анемичниот напад продолжија и во вториот дел, што Швеѓаните го отворија со серија од 6:1 за убедлива предност што не ја испуштија до самиот крај.
Ново на Сител
-
Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време и внатре биле затекнати 13 гости
-
Aгатангел: Левица прва удри по црквата, не се свесни дека црквата е столб на државата
-
Каракачанов честиташе 8 март со карта од Санстефанска Бугарија во која спаѓа и Македонија
-
644 лица казнети за неносење маска
-
Кина воведува здравствен пасош
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски фрлил народни пари, за систем кој осум месеци не е во функција
-
ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани во Македонија го преживуваат денот со едвај 130 денари
-
СДСМ: Со кредитната линија Ковид 3 обезбедена помош за 2.122 мали и микро компании