Бизнис
18. May 2020 - 16:54

Македонско-грчка иницијатива пред дипломатите за координирано отворање на границите

На инцијатива на минитерот Димитров и неговиот грчки колега Дендиас  утре шефовите на дипломатии на ЕУ и Западен Балкан ке одржат  видео конференција  за натамошна соработка и враќање на животот во нормала. 

На виртуелниот состанок ќе учествува и еврокомесарот за проширување Вархеји. Дискусијата  ке се фокусира на начините на кои ќе се регулираат прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, а при тоа да се исполнат потребните медицински критериуми. Тема на разговор ќе биде и справување со социо- економските последици од пандемијата на Ковид-19. 

Конференција меѓу земјите на ЕУ се одржува и денеска на барање на германското МНР, повторно посветена на туризмот и кревањето на границите.

Во меѓувреме, грчката Влада преку соопштение до германските медиуми ги повика туристите од земјите на ЕУ да ја посетат Грција ова лето. Во повикот проследен преку МНР на Грција, се потенцира дека земјата со успех се справила со корона вирусот и сега очекува да тргне напред, чекор по чекор, во економско закрепнување, но и враќањето на турзимот.

Хотелите се подготвени за  почеток на сезоната,  исто и археолошките локалитети,  а планот на грчката влада за туризам, кој уште не е обелодент,  предвидува отворање на рестораните на  25 мај.

Засега плажите кај  јужниот сосед се отоврени , но праксата покажува дека социјалната дистанца тешко се остварува,  особено во автобусите кои возат до  плажите.

Инаку  Европската комисија , препорача државите со лесна епидемиолошка слика да почнат со укинување на ограничувањата за патувања. Од регионот  Србија најавија  дека од 1 јуни ќе ги отворат границите  со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора,  а отворање од почетокот на следниот месец најавија и БИХ.

Отворање на границите се договараат и меѓу Македонија, Грција и Албанија.