„Макканабис“: Владата итно да го врати законот за канабис, залихите од цветот ќе се исушат
Итно враќање на Предлог законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции денеска побараа од Здружението за одгледување на медицински канабис „Макканабис“ поради, како што велат, големите количин сув цвет од канабис што се во залиха кај најголемиот дел лиценцирани компании.
– Во повеќе наврати на повеќе прес-конференции се кажа дека законот ќе се смени и дека ќе се дозволи можноста за извоз на цвет. Тоа досега не го видовме. Би сакал да апелирам до Владата во најбрз можен рок да го смени ако ништо друго, ако не успеат да го поминат законот како што беше предложен да го сменат само еден член, а тоа е член 36 , став 7 или став 1 не е битно каде ќе се инкриминира битно е да се дозволи можноста за извоз на цвет, истакна на прес-конференција законскиот застапник на Здружението Костадин Дуковски.
Тој ја нагласи итноста на законот и наведе примери како би можело тоа да се регулира, односно како државите во регионот, Грција, Малта, Португалија и Шпанија.
-Во ниедна држава нема таква можност за да можеме да има забрана за извоз на цвет. Не е во такви рамки како што е регулирано кај нас, меѓутоа би апелирал под итно да може да се дозволи извозот на цвет под итна постапка, рече Дуковски.
Во овој бизнис, според застапникот на Здружението, повеќе македонски и странски компании влижиле над 150 милиони евра и вработени се околу 800 луѓе, што претставува бизнис кој брзо се развива со што ќе се зголеми и потребата за нови вработувања.
Дуковски апелираше Владата итно да го донесе законот бидејќи, како што рече, компаниите ќе претрпат големи загуби доколку не го извезат цветот од канабис, за кои не сакаше да каже за колкава количина се работи со образложение дека постои опасност од криминални структури да ги откријат магацините.
Ново на Сител
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар