Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
Најновите макроекономски случувања и перспективи во Еврозоната ќе бидат главна тема на денешниот состанок во Брисел на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ што го користат еврото како валута, познат како заседание на Еврогрупата.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е претседателот на Еврогрупата, ирскиот министер за јавни расходи, имплементација на Националниот развоен план и реформи Паскал Донохау и претставници на институциите на ЕУ дадат својата оценка за макроекономската состојба во Еврозоната, а Европската комисија ќе ги презентира своите ставови за поврзани со буџетски случувања.
Дополнително, министрите ќе бидат брифирани за резултатите од последните меѓународните состаноци, пред се од средбата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на Г7, што се одржа минатиот месец во Вашингтон, додека португалскиот министер за финансии Жоаким Миранда Сарменто ќе ги презентира приоритетите на економската и финансиската политика на новата влада на Португалија.
Министрите ќе разговараат и за актуелната состојба и претстојните предизвици на банкарскиот систем на Еврозоната, како и за мерките што треба да се преземат за зајакнување на неговата издржливост.
Врз основа на анализа на Еврокомисијата за јазот меѓу иновациите и продуктивноста, се очекува министрите да разговараат за трошоците за истражување и развој и за недостигот на средства за иновации и на човечки капитал со кои се соочува ЕУ, како и за мерките што од тој аспект треба да се преземат во иднина во рамки на политиките за макроструктурна и макрофискална перспектива. Своите погледи за оваа темата пред министрите ќе ги презентира претседателот на Одборот на Европскиот совет за иновации, Михел Схефер.
Предвидено е средбата да заврши со работна вечера на која министрите ќе ја продолжат дебатата започната во март за иднината на Унијата на пазарот на капитал и за начините за нејзино унапредување, во чии рамки поранешниот потпретседател на Европската централна банка и гувернер на централната Банка на Франција, Кристијан Ноаје ќе го презентира својот извештај за развојот на европските пазари на капитал.
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, смртта и болеста не допира сите
-
СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат
-
Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
115 лица хоспитализирани во македонските болници, 47 се на лекување во странство
-
Акција на ЈО и МВР за несреќата во Кочани
-
Хронологија на настаните во клубот Пулс, ноќниот клуб каде прекина и пулсот на многу млади животи
-
Веста за катастрофалната трагедија во Кочани го обиколи светот
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите