Свет
3. July 2017 - 16:11

Макрон најавува „радикално нов пат“ за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон објави денеска за „радикално нов пат“ за државата во говор пред двата дома на парламентот.

– Со својот избор што го направи во последно време, нашиот народ сака од нас да преземеме радикално нов пат, нагласи Макрон.

Францускиот претседател предложи бројот на пратениците да биде намален за една третина, аргументирајќи со неопходност за зголемена ефективност на работата на парламентот.

Во долгиот говор, Макрон ги претстави основните насоки во петгодишниот мандат.