Макрон сака да го направи задолжително носењето маска во затворени простори
Во телевизиско интервју францускиот претседател Емануел Макрон ја оправда својата досегашна политика и насоките кон кои ќе работи новата реконструирана влада на Жан Кастекс, јави дописникот на МИА.
Претседателот Макрон, се до годинава сметаше дека телевизиското интервјуто за националниот празник, воведено од Валери Жискар Д’Естен е нешто од минатото, но по жолтите елеци, протестите против реформата на пензискиот систем и кризата со епидемијата на Ковид-19, немаше друг избор.
Макрон изјави дека сака да го направи задолжително носењето маска во затворени простори, откако државата е соочена со знаците за повторно зголемување на заразени.
Во врска со вакцина против Ковид-19 Макон повикува на глобален пристап до вакцината, развиена со Светската здравствена организација (СЗО). Ако француска компанија ја открие вакцина, дали Франција би била приоритетна? Претседателот одговара со не.
-Ако некој пронајде вакцина, се ставаме во ситуација да го организираме своето производство насекаде, во нашите земји веднаш, но и за земјите во развој или најсиромашните земји, рече тој.
Емануел Макрон понатаму нагласи дека ќе им овозможи на сите и без лекарски упат да се тестираат од вирусот.
Макрон призна дека не успеал да ги помири Французите, објаснувајќи го изборот на својата влада и бранејќи ги досегашните реформи.
-Прво, не можев да го сторам тоа. Дали е тоа дека ќе престанам да се борам, обидувајќи се да ги убедам во ваков проект? Не , рече Емануел Макрон.
-Направивме реформи. Тие беа направени и беа неопходни затоа што тие и дадоа сила на земјата што и овозможи да ја помине сегашната криза и да ја врати на меѓународен кредибилитет, истакна францускиот претседател.
Макрон го оправда назначувањето на Жан Кастекс за премиер и објасни дека заминувањето на Едуард Филип од Матињон е политичка страница што требаше да се сврти, притоа признавајќи го сработеното на Филип.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток