Македонија
10. October 2019 - 16:49

Макрон во име на Франција во последен момент ќе одлучи дали ќе поддржи датум за Македонија

Дијалог и добрососедска политика наместо уцени и закани, се решние за регионот смета вицепремиерката Радмила Шеќеринска. 

По надградените услови со кои бугарското собрание ја усвои декларацијата за поддршка на на отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ, Шеќеринска смета прашања на маса мора да има особено меѓу соседите но важна е позицијата која ќе ја заземе власта. Таа смета дека земјава платила огромна цена во минатото кога не ги решавала отворените прашања со соседите.

Инаку следната недела ЕУ ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори. Се уште е неизвесен ставот на Франција

Вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не донесе напредок во позицијата на Франција.  Според дипломатски извори цитирани во француските медиуму  не се очекување поместување најрано до министерскиот состанок во вторник кој ќе се одржи во Луксембург. Одлуката најверојатно ќе ја носи францускиот претседател Емануел Макрон.

Преговорите помеѓу земјите членки на ЕУ сѐ повеќе се фокусирани на одвојување на Албанија и Македонија, посебно по ставот на холандската Влада и условите поставени од страна на Германија. Останува дека низа земји во ЕУ и натаму инсистираат двете земји да одат во пакет, од различни причини.