Максим Димитриевски подготвува нов политички субјект – тврди дека немал координација со Црвенковски
Граѓанското движење „За наше Куманово“ започна со активности на локалните избори и веднаш по изборите бидејќи ја добивме масовно поддршката на граѓаните на Општина Куманово пристапивме на регистрација на граѓанско здружение „За наше Куманово“, ова го кажа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во изјава за Сител ТВ.
- Приоритетот на ова граѓанско здружение првенствено е да ги реализира програмските определби на здружението и сето она што беше ветено на граѓаните од Куманово. Во меѓувреме дојдоа голем број на иницијативи од многу граѓани од целата држава да едно вакво здружение прерасне на републичко ниво и веќе на таа тема размислуваме и остваруваме контакти со голем број на граѓани од различни фели при што сакаме да направиме спој на младост и искуство, спој на теорија и пракса, значи од интелетуалци па се до работници, земјоделци, поранешни општественици, луѓе од разни профили со различна праса, се со цел да ја вратиме државата на граѓаните и во вистинска насока за да ни тргнат работите во државата така како што треба, кажа Димитриевски.
Градоначалникот на Куманово потенцираше дека ова граѓанско движење ќе работи од граѓаните и за граѓаните, а дека за името и лидерот ќе одлучуваат членовите, како и граѓаните.
- Што се однесува до изјавите за наводна поддршка од поранешниот претседател Бранко Црвенковски, сакам да истакнам дека истиот максимално го почитувам, но до овој момент јас со Бранко Црвенковски немам остварено контакт за да разговарам на оваа тема за евентуално негово вклучување и активирање во ваквото движење, додава Димитриевски за Сител.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024