Македонија
21. October 2021 - 13:40

Максим Димитриевски: Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци, немаме право да ја менуваме историјата

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во гостување на Телевизија 24 изјави дека нема да дозволи да се гази по нашата историја.

„Ние немаме право да ја менуваме историјата. Тоа не се прифаќа ниту во Куманово, ниту во Македонија. Имам конкретен став по ова прашање. Нема да дозволам да се гази по историјата на нашите предци. Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци“, порача независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.