Бизнис
24. January 2019 - 19:44

Малите фирми бараат полесни услови за кредитите од МБПР

Парите од Македoнска банка за подршак на развојот тешко достапни за малите и средни бизниси. Бараат банката  условите за доделување на кредити  да ги прилагоди на можностите на фирмите.

Со тоа ќе дојдат до  свежи пари  кои им се неопходни  за инвестиции во иновации и технологија -услов за да го зголемат извозот. Во моментов само 5 отсто од фирмите во земјава извезуваат.  

Бараат и формирање на слободни фондови со строго наменски кредити со ниски каматни стапки за извозно орјентирани компании.

Според статистиката од 72 илјади фирми во земјава извезуваат само 3.500. Од нив 2.800 се микро и мали бизниси.  100 тина се големи  фирми.  Тие најчесто земаат кредит од банка. Според НБРМ лани во вкупното кредитирање корпоративниот сеткор учествуваат со 32,3 отсто.