Македонија
15. October 2017 - 12:31

Малолетник предизвика тешка сообраќајка кај Гостивар - повредени две лица

Вчера во 06,10 часот на регионалниот пат Р1-206 Гостивар- село Градец, на самиот Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Транзит“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ч.М.(47) од село Градец и патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ исто така со гостиварски регистарски ознаки управувано од малолетник на возраст од 16 години од гостиварското село Падалиште. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на десна рака) се здобил сопатникот во „Форд Транзит“, Т.И.(32) од село Зубовце-Гостивар, и по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Гостивар, е префрлен во Клинички центар-Скопје за понатамошно лекување, а додека кај 16 годишната сопатничка во „Венто“ од село Добридол-Гостивар, се констатирани телесни повреди и истата е задржана на лекување во Ургентен центар-Гостивар. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица-Гостивар.