Македонија
29. August 2019 - 16:05

Малолетните деца ги заборавиле во автомобил - полицијата ги кршела прозорците за да ги спаси

Две деца брат и сестра на 4 и 7 годишна возраст оставени во кола на паркинг во скопско Ново лисиче. Околу 22 часот децата ги забележале случајни минувачи и повикале полиција. Од МВР го потврдија настанот, но не соопштуваат детали дали таткото или пак и двајцата родители ги заклучиле малолетните деца во автомобилот за да одат на прославата за вчерашниот празник која традиционално се одржува во населбата. Ниту жителите од околните згради не знаеа што точно се случило само слушнале дека имало полиција.

-Само слушнал дека било синоќа, не сум видела, вели жителка на Ново Лисиче

 Други станари пак зад камерата велат  бидејки имало и музика во живо па и преку микрофон бил повикуван соспственикот да дојде до  автомобилот во кој биле малолелните деца. Откако не се појавил интервенирала полицијата. Го искршиле стаклото и ги извадиле децата.

Скршените стакла од автомобилот Алфа ромео, на паркингот на булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче и денеска сведочеа за синоќешниот немил настан.

Била повикана и Брза помош. Двете деца дехидрирани и исплашени со амбулантно возило околу 23 префрлени се на Клиниката за детски болести.

-Хоспитализирани се на Одделот за пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи кои се со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Тие се во добра здравствена состојба и се планира нивно отпуштање, изјави д-р Весна Мицевска, од Клиниката за детски болести.

Од Клиниката веднаш ги известиле социјалните служби. Во текот на денот меѓуопштинскиот центар за социјални работи донесе одлука децата времено да ги смести во згружувачко семејство.

-Децата се згрижени во згрижувачко семејство и пружена им е соодветна грижа, изјави Наташа Станоевиќ, директор на Меѓуопштински центар за социјални работи скопје.

Во зависност од истрагата и доказите од МВР и обвинбителството Центарот понатаму ќе одлучува и дали ќе им биде одземено родителското право врз децата.

Од Основното јавно обвинителство за Сител Велат дека преземаат дејствија и прибираат податоци за целосно разветлување на случајот.