Loading Video...
Фудбал
19. February 2019 - 15:54

Манчестер Јунајтед го елиминира Челзи од ФА Купот

Екипата на Манчестер Јунајтед продолжува со одличните игри.
 
 „Црвените ѓаволи“ во осминафиналето на ФА Купотго елиминираа Челзи и тоа со победата на гостински терен на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон со 2:0. 
 
Јунајтед за противник во четвртфиналето ќе го има Вулверхемптон против кој ќе игра на гостински терен, како и нивниот градски ривал Сити кој пак ќе гостува кај Свонси. 
 
Во останатите два натпревари ќе се сретнат Вотфорд - Кристал Палас и Милвол со Брајтон. 
 
Четвртфиналните дуели од ФА Купот на програмата е на 16 и 17 март.