Loading Video...
Фудбал
8. November 2018 - 15:08

Манчестер Јунајтед со пресврт до победа над Јувентус, убедливи триумфи на Реал Мадрид и Манчестер Сити

Со шест натпревари одиграни синоќа беше комплетирано 4.коло во Лигата на шампионите. 
 
Во дербито на вечерта, одиграно во Торино, Манчестер Јунајтед со пресврт во завршните четири минути го совлада Јувентус со 2:1. 
 
Иако, домаќините поведоа со прекрасниот гол на Роналдо во 65.минута, гостите од Англија преку Мата во 86-тата и автоголот на Алекс Сандро во 89.минута, стигнаа до победа и нови три бодови со кои се проби на второто место0 на табелата во Х групата со два бода побалку од Јуве, односно два повеќе од Валенсија 
 
Актуелниот шампион, Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Викторија Плзен со 5-0, но најубедливата победа во оваа рунда ја забележа англискиот шампион Манчестер Сити  кој пред своите симпатизери го совлада Шахтјор со 6-0, а хет-трик на оваа средба имаше Бразилецот, Габриел Жесус.
 
На останатите средби, одиграни синоќа, беа постигнати следниве резултати:  Баерн Минхен – АЕК 2-0, Бенфика – Ајакс 1-1 и Лион – Хофенхајм 2-2