Loading Video...
Фудбал
3. July 2020 - 10:50

Манчестер Сити со четири гола му ја честиташе титулата на Ливерпул

Условното примопредавање на шампионскиот трофеј во Премир лигата мина во знакот на екс првакот Манчестер Сити кој титулата на новиот шампион Ливерпул му ја честита со четири гола. 
 
Иако гостите во создадоа неколку шанси, сепак домаќините беа оние кои постигнуваа голови. 
 
Серијата започна во 25-минута кога по прекршокот над Стерлинг беше досуден пенал, кој во водство од 1:0 го претвори Де Бруине. 
 
Само 10-минути подоцна токму Стерлин беше стрелец на вториот гол за „граќаните“ кои до крајот на првиот дел веќе имаа три гола предност, откако во листата на стрелци се запиша Фоден во 45.минута. 
 
Чемберлен со автоголот во 66.минута само да запечати судбината на Ливерпул поставувајќи ги конечните 4:0.